Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Судијата Гуида го извади од памет Мбапе со еден потег во тунелот (Видео)

Објавено

на

Килијан Мбапе вчера беше дел од секој важен момент на дуелот меѓу ПСЖ и РБ Лајпциг од Лигата на шампионите, а постигна само еден гол откако на реализираше пенал во завршните моменти.

Францускиот фудбалер го отвори резултатот во Париз, подоцна му асистираше на Меси, па извлече и пенал кој Аргентинецот го претвори во погодок за победа.

Но, она што не се виде од трибините исто така ги забавува фудбалските фанови, а тоа е една ситуација од тунелот во која главна улога имаат Мбапе и италијанскиот судија Марко Гуида.

Незадовлниот Гуида реши да го забрза процесот на излегување на фудбалерите од соблекувалните со своето свирче, а Мбапе се извади од памет од неочекуваниот продорен звук, по што се изнасмеа на својот потег.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни