Поврзете се со нас

Италија

Судијата Ди Бело ќе добие жестока казна поради ужасната арбитража на дербито Лацио-Милан

Објавено

на

Foto:twitter.com/OfficialSSLazio

Претставниците на Лацио не го криеја гневот по дерби поразот од Милан и го искажаа цело незадоволство од арбитражата на Марко ди Бело, кој вечеравечер исклучи дури тројца играчи на домашниот тим.

Пелегрини, Марушиќ и Гендузи не го дочекаа последниот судиски свиреж на теренот и порано беа испратени во соблекувалните, а за да биде полоши за „лацијалите“, Милан победи во самата завршница со гол на Окафор.

Поразот од 0:1 во тешки околности го натера Маурицио Сари да не се појави пред новинарите, но тоа го направи претседателот Лотито кој распали по судиската организација и побара да биде оформено ново независно тело кое ќе ги оценува арбитражите на судиите.

Големите поплаки надополнети со огромни критики од сите италијански медиуми за арбитражата на Ди Бело извршија притисок врз судиското тело, кое сега подготвува жестока казна за 42-годишниот арбитар.

„Газета дело Спорт“ информира дека Џанлуда Роки како делегатор на судиите е крајно разочаран од изданието на Ди Бело, па планот е да му изрече едномесечна казна, особено поради фактот што ова е втор катастрофален натпревар кој го суди од стартот на сезоната.

Ди Бело беше ужасен и на мечот меѓу Јувентус и Болоња на кој имаше низа контроверзи, но вчера се надмина себеси бидејќи додели девет жолти, три црвени картони и досуди дури 36 прекршоци.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни