Поврзете се со нас

Шпанија

Судија режираше невидена сцена во Ла Лига, Итуралде распали: Треба да добие суспензија од шест месеци! (Видео)

Објавено

на

Дванаесеттата рунда во шпанскиот фудбал заврши со натпреварот меѓу Хетафе и Кадиз, дуел кој донесе цврста игра и еден гол, но и една несекојдневна ситуација која привлече и големо внимание во јавноста.

Хетафе успеа да победи со гол во второто полувреме и покрај тоа што остана со играч помалку на теренот од крајот на првиот дел, моменти кога Џене заработи втор жолт картон поради удар со лакт во шеснаесетникот.

Стоперот на домашниот тим беше исклучен по проверката на ВАР, но најнеобичната сцена ја режираше главниот судија Де Бургос Бенгочеа кој ги свика двајцата тренери на мини-состанок и со снимките од ВАР им објаснуваше зошто ќе го исклучи Џене.

Хосе Бордалас и Серхио Гонзалес останаа воодушевени од главниот судија и го пофалија неговиот потег по крајот на мечот кој заврши 1:0, но сосема спротивно, потегот на Бенгочеа наиде на голема осуда од поранешниот најдобар шпански судија, Итуралде Гонзалес.

– Тоа што го направи Де Бургос е доволно за да му се врачи казна од шест месеци! Кој е тој за да ги состанува тренерите и да им дава објаснување што одлучил? Цел судиски колектив оди во еден правец, а тој измислува нешто друго….. Кој е тој за да дава објаснување, ова е преседан и не е дозволено според правилникот. Изгледаше како да ги повика на кафе и им даваше објаснување што ќе направи…., – изјави Итуралде.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни