Поврзете се со нас

НБА

Судија прекина контра на Мемфис со неповикан тајм-аут, тренерот Џенкинс не можеше да поверува (Видео)

Објавено

на

Фото: https://x.com/memgrizz

Мемфис успеа да дојде до тешка победа над Хјустон во НБА лигата, но домашните кошаркари се соочија со шокантна ситуација во решавачките моменти.

Гризлис тргнаа во контра за предност преку Џејлен Велс на 13 секунди до крајот на натпреварот, но еден од судиите по грешка досуди тајм-аут за домашната екипа.

Тренерот Тејлор Џенкинс очекувано збесна поради грешката на судијата, бидејќи во ниту еден момент не побарал тајм-аут, поради што поените на Велс не важеа.

Позитивно во целата ситуација е што по тајм-аутот Мемфис изнуди лична грешка, по која Џерен Џексон постигна два поени, а тие беа доволни за победа против Хјустон со 120:119.

Кливленд – Атланта 137:115
Вашингтон – Л.А Лејкерс 96:134
Јута – Минесота 113:138
Мемфис – Хјустон 120:119
Портланд – Орландо 119:90

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни