Поврзете се со нас

Свет

Суботиќ ги предупреди ѕвездите на Ливерпул и им го откри другото лице на Клоп во кризен период

Објавено

на

Невен Суботиќ бележи значителен пад во кариерата откако ја заврши својата десетгодишна етапа во Борусија Дортмунд, па пред неколку дена, официјално го раскина договорот и со последниот клуб за кого играше во изминативе неколку сезони.

Србинот раскрсти со Денизлиспор и сега е во потрага на нова фудбалска авантура во професионалната кариера, која според годините (32) е далеку од својот крај, иако ништо не треба да се исклучува со оглед на тоа што во овој момент е далеку од елитниот фудбал.

Суботиќ своите најубави фудбалски денови ги имаше под водство на Клоп и беше дел од тимот кој двапати ја освои Бундеслигата, но правејќи една паралела за кризата која е актуелна во Ливерпул и онаа која ја имаше во Дортмунд пред Јирген да си замине од „Сигнал Идуна парк“, испрати едно мало предупредување до ѕвездите на актуелниот англиски првак.

Искусниот стопер нагласува дека Клоп е исклучително близок и воспоставува пријателски однос со играчите, но во деновите кога Борусија сериозно западна во криза пред да им се раздвојат патиштата, германскиот стручњак го покажал и своето друго лице со цел да ги мотивира фудбалерите.

– За еден фудбалер, лошо е кога ќе добие чувство дека постигнал нешто. Кога на тоа ќе надоврзете и искуство, станува потешко да кажете „ДА“ на било што од она што ќе каже тренерот. Мислам дека тоа е природата на човекот, но затоа кога беше потребно, Клоп го повишуваше тонот. Знаеше да не растресе за да не разбуди, особено кога бевме во голема криза. Понекогаш не го правеше тоа со зборови, одеше до играчот и го маваше во лице. Имаше таков случај во Борусија, за момент си помислуваш дека играчот ќе му врати, но тоа не се случуваше, – открива Суботиќ за „Атлетик“.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни