Субашиќ ги покажа своите рефлекси и го спаси Вида од пад од автобусот (Видео)

vidasubasic

Полека се средуваат импресиите од незаборавниот дочек на хрватските херои во Загреб каде беа пречекани од речиси половина милион луѓе.

Хрватите со панорамски автобус речиси шест часа патуваа од аеродромот до плоштадот Бан Јелачиќ. Во автобусот нормално владееше забавна атмосфера, а еден од најразиграните беше Домагој Вида.

Стоперот на Бешикташ кој одигра одлично првенство во неколку наврати ќе паднеше од автобусот по преголемата прослава, а денес излезе и видео во кое се гледа како Субашиќ го фаќа моменти пред тој целосно да падне меѓу публиката.

Претходно на снимките при пристигнувањето во Загреб можеше да се забележи како селекторот Златко Далиќ го држи Вида за да не падне.

Facebook Коментари