Поврзете се со нас

Свет

Суарез знае како да се справи со критичарите: Луѓето во фудбалот немаат меморија…

Објавено

на

foto:twitter.com/InterMiamiCF

Луис Суарез од оваа година е дел од составот на Интер Мајами за кого заблеска минатиов викенд и тоа со два погодоци и две асистенции во пресметката против Орландо во МЛС лигата.

Со ова искусниот напаѓач само ги поздрави критичарите, луѓето кои почнаа да се сомневаат и зборуваат негативно за него откако немаше некој учинок во подготовките, а потоа не се запиша во листата на стрелци и во првите две средби од сезоната во шампионатот.

-Од индивидуална гледна точка, среќен сум што можам да му помогнам на тимот. Напаѓачот и професионален фудбалер треба да се навикнат да живеат со секојдневни критики. Луѓето во фудбалот немаат меморија и во таа смисла сум многу навикнат на тоа. Играм професионален фудбал скоро 20 години, па не се грижам за работите што луѓето би можеле да ги кажат, -порача Ел Пистолеро.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни