Поврзете се со нас

Шпанија

Суарез за најавеното засилување на „кралевите“: Посакував да заврши во Барса, но Реал ќе добие ѕвезда во која ќе ужива со години!

Објавено

на

foto: twitter.com/Gremio

На Палмеирас му беше доволен бод за да ја освои титулата во бразилската Серија А, но судбината посака херој на клубот да биде талентираниот Ендрик кој веќе си договори трансфер во Реал Мадрид.

Неверојатниот тинејџер го потигна голот кој беше вреден титула, па со 11-от погодок во домашното првенство стави крај на една незаборавна сезона и полека може да почне да мисли на она што ќе следи од средината на следната сезона.

17-годишниот Бразилец веќе беше најавен како летно засилување од Реал Мадрид, а Луис Суарез кој беше убедливо најдобар голгетер во Бразил во 2023-та година не криеше дека неговата желба со Ендрик била поинаква.

– Јасно е дека јас посакував Ендрик да заврши во Барселона. Сепак, јас не одлучувам за него. Тој одлучува за себе и ќе продолжи да ужива во фудбалот. Фудбалот исто така ќе може да ужива во неговите мајстории.

– Тој е толку многу млад, но веќе е фудбалска ѕвезда. Ги даде првите чекори и тоа што го направи оваа година е неверојатно. Бразил, Реал Мадрид и фудбалот добија голема ѕвезда за многу години, – изјави Суарез кој ја заврши својата етапа во Гремио со два гола на „Маракана“.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни