Поврзете се со нас

Свет

Суарез влезе и со мајсторски лоб погодок ја потврди победата на Интер Мајами (ВИДЕО)

Објавено

на

foto:twitter.com/CBSSportsGolazo

Интер Мајами и без услугите на повредениот Лионел Меси успеа да оствари триумф над Ди-Си Јунајтед од 3-1 на средбата која вечерва се одигра во МЛС лигата.

Гостинскиот тренер тргна со комбиниран тим на оваа пресметка, поточно најголемата ѕвезда во почетната постава беше Серхио Бускетс.

Домаќините први постигнаа гол, но гостите возвратија преку Кампана во 24 за 1-1, резултат со кој се замина на пауза. Во вториот дел влезе Луис Суарез и ја направи клучната разлика, постигна два погодоци во 72 и 85 минута со што се издвојување е вториот кога мајсторски го лобуваше голманот Боно кој дефинитивно можеше подобро да реагира во оваа ситуација.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни