Поврзете се со нас

Свет

Суарез веќе го знае новиот клуб: Ќе биде потребно чудо за да остане

Објавено

на

Луис Суарез на почетокот на наредната година ќе го прослави 37. роденден, но ова за напаѓачот не е никаков проблем кога е во прашање неговата форма, перформансите на теренот каде е меѓу најзаслужните што Гремио е во позиција да се бори за титулата во Бразил.

Уругваецот има дабл-дабл учинок во досегашниот дел од шампионатот, 11 голови и 10 асистенции што е потврда дека „грми“ и во завршницата на кариерата. Тој ќе се обиде да му помогне на Гремио до крајот на годинава, но потоа дефинитивно си заминува и тоа го потврди тренерот на екипата, Ренато Гаучо.

-Ќе биде потребно чудо [за да остане Суарез]. Тој веќе има планови за 2024 година. Тоа јасно го кажа пред неколку месеци и не очекувам чудо. Тоа е негова одлука. Би сакал да остане, но мора да бидеме искрени со нашите навивачи. Ако на крајот остане, тоа ќе биде чудо, а тоа чудо се сведува на него, -порача Ренато.

Нова дестинација за ветеранот ќе биде Интер Мајами каде одново ќе се спои со Лионел Меси, Жорди Алба и Серхио Бускетс, асови со кои имаше фантастична соработка во Барселона.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни