Суарез соопшти најдобра можна вест по јубилејниот 100. меч за Уругвај

suki-mafta

Уругвајската фудбалска репрезентација не брилјираше на денешниот меч против Саудиска Арабија, но сепак како и на првиот меч против Египет, успеа да направи доволно за да прокнижи три бода со кои сега и официјално се пласираше во осминафиналето на Светското првенство.

Единствениот гол кој го постигна Луис Суарез се покажа како доволен за победа против Саудиска Арабија која денеска беше далеку поорганизирана во споредба со првиот меч со Русија, а голгетерот на Барселона не можеше да ја крие радоста што постигна гол при својот јубилеен 100-ти меч како репрезентативец на Уругвај.

Напаѓачот имаше уште една причина плус за радост, а тоа е новото дете кое ќе го добие со својата сопруга, трето по Делфина и Бенџамин.

– Пресреќен сум што го одбележав со гол мојот 100-ти меч во дресот на Уругвај. Уште посреќен сум бидејќи ќе добијам и трето дете во блиска иднина, станува збор за момче. Привилегиран сум што стигнав до оваа бројкна, го знаев тоа пред натпреварот и бев максимално концентриран. Денес уште еднаш видовме дека нема лесен противник на мундијалот, сега на ред е мечот со Русија, – истакна Суарез.

Facebook Коментари