Поврзете се со нас

Свет

Суарез со емотивна порака го испрати Кавани во репрезентативна пензија: Кога бевме деца…(ФОТО)

Објавено

на

Foto:twitter.com/InterMiamiCF

Единсон Кавани во текот на вчерашниот ден објави дека става крај на репрезентативната кариера или поточно нема повеќе да биде во комбинација за настап за Уругвај.

Оваа вест дојде пред големиот турнир кој престои, Копа Америка и тоа во периодот од 20 јуни до 14 јули во Соединетите Американски Држави.

Фудбалерот на Бока Јуниорс стави крај на репрезентативното патување како втор најдобар стрелец, а оној што е пред него на таа листа Луис Суарез со емотивна порака ја испрати неговата одлука.

-Кога го прославивме нашиот прв гол заедно, бевме само две деца кои сонувавме да ја однесеме нашата земја на врвот… Тие деца растеа и доживуваа УНИКАТНИ И НЕПОВТОРЛИВИ нешта бранејќи ја НАШАТА САКАНА СЕЛЕКЦИЈА.

-Со тага и радост секогаш сакавме иста цел: УРУГВАЈ да триумфира и знамето да биде добро претставено. Твоето име секогаш ќе остане врежано во историјата на нашиот фудбал и нашата земја. Како Уругваец, јас ти БЛАГОДАРАМ за се што направи за селекцијата. Ти посакувам се најдобро, -порача Ел Пистолеро.

Се пензионираше вториот најдобар стрелец во историјата на Уругвај (ФОТО)

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни