Поврзете се со нас

Свет

Суарез распали по дволичниот Биелса: Од него не добивате ниту „добар ден“…

Објавено

на

Foto:x.com/Uruguay

Луис Суарез се повлече од репрезентативното играње фудбал и со многу солзи и емоции се прости од националниот тим и најсаканиот дрес на Уругвај, но неколку седмици подоцна, „Ел Пистолеро“ откри да ја отвори „пандорината кутија“ во репрезентативниот тим.

Искусниот напаѓач обелоденува дека голем дел од играчите на Уругвај не се задоволни од селекторот Марсело Биелса, бидејќи методите на аргентинскиот стручњак се целосно поразлични од традицијата која се има постваено во репрезентацијата која со години ја водеше Оскар Табарез.

– Биелса е еден човек во обраќањето пред телевизиите, на прес-конференциите и на соочувањата со новинарите, а сосема друг кога е со нас играчите, – потенцира Суарез во своето обраќање за дволичниот „Лудак“.

– Се сеќавам дека одработи прес-конференција во која зборуваше за уругвајскиот народ, за навивачите, за тоа дека ние играчите играме за нашите сонародници…. Трениравме во Њујорк и после тренингот не чекаат фанови пред автобусот, а пред да се симнеме, добивме порака дека треба да ги одминеме навивачите. Јас како капитен се спротивставив и им порачав на соиграчите дека мора да застанеме за фановите. Следниот ден, Биелса повторно ни говореше дека играме за навивачите, а ние сите се гледавме збунето……. Како играме за фановите, кога бараше од нас да ги одминеме?

– Тоа што се случува сега во Уругвај е комплетен контраст од тоа што го имавме под Табарез. Верувајте ми, голем дел од играчите бараа состаноци за да побараат од тренерот да им каже „едно здраво“ или „добар ден“ кога доаѓа на тренинзите. Сите во репрезентацијата сакаа да работата со Маестро Табарез и со Профе Ортега, но полека тоа се губи. Всушност, речиси се е загубено и навистина ми е тешко, – открива Суарез.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни