Поврзете се со нас

Шпанија

Суарез: Понекогаш на играчите им е потребна промена

Објавено

на

Луис Суарез имаше идеално деби за Атлетико Мадрид на средбата со Гранада на која даде два гола, забележа асистенција, а неговиот нов клуб славеше со 6-1.

Со ова Уругваецот испрати јасна порака дека нема да му биде потребно време за прилагодување во Атлетико, односно дека приказната со Барселона е веќе зад него и оти сега е спремен да даде се од себе за да се остварат целите во новата средина.

-За играчот понекогаш е важно да направи промена. Доаѓам во клуб што ми приреди спектакуларен пречек. Тоа се чувствува во атмосфера, имате добар впечаток од самиот почеток и тоа се гледа на теренот. Јас сум многу задоволен со моето деби, па уште посреќен што ги освоивме трите бода на отворањето на сезоната. Секој пат кога ќе дебитирате и ќе му помогнете на тимот со голови, ќе бидете среќни, но ќе видиме што носи иднина затоа што е сезоната е долга, -истакна Суарез.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни