Поврзете се со нас

Франција

Суарез откри што најмногу му пречи на Меси во Париз: Ми кажа дека има проблем со тоа, но мора да се навикне

Објавено

на

Фудбалерот на Атлетико Мадрид и член на уругвајската репрезентација, Луис Суарез говореше за неговиот некогашен соиграч од Барселона и се уште близок пријател, Лионел Меси.

И двајцата оставија голема трага носејќи го дресот на Барселона и формирајќи парнтерство во нападот кое ретко кое дуо ќе може да го надмине во иднина.

Меси од оваа година е во ПСЖ, а Суарез пак втора сезона е во Атлетико Мадрид, клуб каде веднаш се адаптираше.

За разлика од него Аргентинецот тешко се навикнува на животот во Париз, а Суарез посочи дека најмногу од се досега му пречело играњето на снег, на кое ќе мора да се навикне сега кога е во Франција.

– Нашиот однос не е изменет, секој ден се слушаме. Зборуваме за натпреварите, семејствата… Ми кажа дека имал проблем кога игра на ладно, посебно на снег, но мора да се навикне на ладното време таму, -изјави кратко Суарез во интервјуто за „ТНТ“.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни