Поврзете се со нас

Шпанија

Суарез: Никој нема да се ослободи од мене, јас ќе одлучам…

Објавено

на

Луис Суарез од оваа сезона е дел од Атлетико Мадрид, клуб во кој пристигна откако на некој начин беше избркан од Барселона.

Уругваецот игра во фантастична форма и на 22 мечеви има дадено 16 голови со што само потврди дека се уште е класа и играч кој може редовно да ги решета противничките мрежи да го носи на грб својот тим.

-Не очекував да бидам во овој момент во кој сум денес со Атлетико, но многу уживам во тоа. Благодарен сум затоа што стручниот штаб и моите соиграчи веруваат во мене, тие ми веруваат и тоа е нешто што се обидуваш да го вратиш со голови, -вели Суарез кој воедно порача дека во иднина никој нема да се ослободи од него.

-Се уште уживам во моментот, во фудбалската елита. Да се биде во Атлетико, вие сте во фудбалската елита. Некои луѓе не веруваа дека сè уште можам да бидам на ова ниво. Го имам истиот ентузијазам. Се надевам дека оваа година, следната година и колку и да е години, јас ќе продолжувам да се натпреварувам и да го давам својот максимум, сè додека не сфатите дека сте отишле колку што можете подалеку. Но, никој нема да се ослободи од мене. Јас ќе одлучам кога ќе си заминам, -истакна Уругваецот.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни