Поврзете се со нас

Свет

Суарез најави заминување во пензија: Пламенот на фудбалот се гаси…

Објавено

на

foto: x.com/Uruguay

Луис Суарез долго време беше еден од најдобрите светски напаѓачи, но веќе е се поблиску до петтата деценија од животот, односно до крајот на активната кариера.

Тој се уште има импресивни настапи во дресот на Интер Мајами, настапи кои се уште му носат место и во националниот тим на Уругвај, селекција која во моментов се натпреварува на Копа Америка.

Суарез сега ја има улогата на ментор, повеќе помага од страна, но ако е потребно вистински помага со целото свое знаење на теренот. Меѓутоа самииот „Ел Пистолеро“ е свесен дека крајот е блиску, а во тоа влијаат и проблемите со коленото.

-Многу уживам во секој момент. Ова е нешто во кое, како што стареам, се повеќе уживаш бидејќи знаеш дека пламенот на фудбалот се гаси. Јас сум само уште еден играч, тоа го видовте. Без разлика дали играм или не, среќен сум со делот што го правам и се обидувам да помогнам на кој било начин, -порача голгетерот кој стигна до бројката од 140 средби за националниот тим.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни