Поврзете се со нас

Свет

Суарез му одржа лекција на бразилски репрезентативец по пласманот во полуфиналето: Нека ја научи уругвајската историја! (Видео)

Објавено

на

Foto:x.com/Uruguay

Луис Суарез не важен дел од уругвајската репрезентација како што тоа беше случај во изминатите две децении, но според Марсело Биелса, „Ел Пистолеро“ е идентично важен за тимот и како поддршка во соблекувалната.

Самото присуство на Суарез им носи самодоверба на новата генерација уругвајски фудбалери, кои рано утрово се пласираа во полуфиналето на Копа Америка, и тоа елиминирајќи еден од главните фаворити.

Уругвај беше подобар ривал од Бразил во регуларниот дел, но до победа стигна во пенал рулетот, триумф со кој си закажа полуфинале со разиграната Колумбија.

Иако не доби шанса за игра, Суарез беше оној кој се најде во центарот на вниманието пред мечот, бидејќи реши да му одговори на поранешниот играч на Манчестер Јунајтед, Андреас Переира.

Крилниот фудбалер пред дербито нагласи дека Бразилците воопшто не се плашат од Уругвај, а како причина го наведе фактот што „кариоките“ имаат далеку подобар тим на хартија.

Бразил не го оправда тоа на терен и Уругвај е последниот патник во полуфиналето, по што Суарез не пропушти шанса да го „пецне“ актуелниот играч на Фулам.

– Ние ги имаме најдобрите играчи за врска во светот, сите се топ класа. Кога зборувате за Уругвај, мора да зборувате со повеќе респект. Мора подобро да ја познавата историјата на Уругвај.

– За да биде уште посмешно, изјавата ја даде играч кој беше резерва на нашиот Де Араскаета во Фламенго. Според мене, Де Араскаета е најдобриот играч во клупскиот фудбал во Бразил, – изјави Суарез.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни