Италија
Суарез: Лаутаро треба да остане во Интер, ама ако…
Напаѓачот на Интер, Лаутаро Мартинез е еден од играчите за кој изминатиов период постојано се зборува, а причината за тоа е можниот трансфер во Барселона.
Тој е желба на актуелниот шпански шампион кој во 22-годишниот Аргентинец гледа напаѓач кој може да биде долгорочна замена за Луис Суарез кој веќе полека навлегува длабоко во четвртата деценија од неговиот живот.
Интер се има свои барања, Барселона според медиумите се обидува да ги исполни, да најде формула за да се затвори зделката, меѓутоа засега нема ништо потврдено, официјално на оваа тема. Токму за истата проговори некогашниот ас на „нероаѕурите“ и каталонците, Луис Суарез Мирамонес кој верува дека најдобро е Лаутаро да остане на „Џузепе Меаца“.
-Да бев на негово место немаше да ги сменам тимовите. Да се донесе одлука дали да остане или не е многу комплицирано, иако ако Меси му се јавил, тогаш лесно би било да се размислува за тоа.
-Ама зборуваме за момче кое е сè уште многу младо и го има целото време на светот да тргне во потрага по други предизвици во иднина.
-Ајде да ја кажеме вистината, тој во Шпанија ќе има помалку важна улога отколку во Италија. Сакам да му дадам совет на Лаутаро-остани во Интер, -вели Суарез кој е единствениот Шпанец кој ја има освоено „Златната топка“.
-
Македонија19 часа
Шкупи со траорно соопштение: Лазаров починал во обид да им помогне на повредените во пожарот (Фото)
-
Шпанија23 часа
Мбапе со подобар ефект од Роналдо во првата сезона, пред себе има уште само три легенди на Реал
-
Македонија21 час
Шкупи објави дека Лазаров не е во животна опасност, но заработил повреди во пожарот во Кочани
-
Европски првенства21 час
ЕХФ не дозволи одложување на натпреварот против Словенија во Копер (Фото)
-
Формула 120 часа
Стјуардите ја повлекоа казната и го разубавеа дебито од соништата за Антонели (Фото)
-
Италија11 часа
Интер ја реши Аталанта и се зацврсти на врвот во Серија А (ВИДЕО)
-
Свет15 часа
Трапановски даде гол и се помоли за жртвите во трагедијата во Кочани (ВИДЕО)
-
Шпанија20 часа
Првиот човек на Атлетико го прекина молкот: Сонот ни беше урнат поради една застрашувачка алатка