Поврзете се со нас

Свет

Суарез ја продолжи гол серијата, Интер Мајами не победи без Меси во тимот (Видео)

Објавено

на

Фото: https://twitter.com/InterMiamiCF

Интер Мајами не успеа да го победи Њујорк Сити (1:1) пред своите фанови на Флорида, а Лионел Меси го следел натпреварот од трибините.

Повредениот Аргентинец не можеше да им помогне на соиграчите, а Луис Суарез ја продолжи својата голгетерска серија, носејќи му водство на Мајами со реализација со глава во 15. минута.

Сепак, гостите израмнија преку Костариканецот Алварез во 34. минута, а тој резултат 1:1 остана актуелен до крајот на средбата.

Интер Мајами има една победа на последните четири натпревари и во моментов со 11 бода е на второто место во источната конференција.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни