Суарез: Ја излажав и мојата сопруга, морав да одам на психолог!

suki-urugvaj

Луис Суарез во ексклузивното интервју кое го направи за Фокс Спортс“ пред стартот на Копа Америка говореше на безброј теми поврзани за сезонава која измина и за сите негови остварувања во фудбалот, но новинарите не пропуштија да ја „чепнат“ и најболната случка во неговиот живот која датира од 2014 година.

Уругвајскиот напаѓач тогаш го гризна Џорџо Кјелини и заработи жестока казна од ФИФА, но за Суарез, поголема казна било тоа што го доживеал на психолошки план, од едноставна причина што на почетокот не ја признавал вината и пред неговата сопруга.

– Патев многу, ми беше многу тешко. Не само на мене, на мојата сопруга, на моите деца, на моите соиграчи. Никогаш нема да заборавам низ што минав. На почетокот ја излажав и мојата сопруга. Таа ме праша што се случи, а јас и велев дека само се судривме. Не ја прифаќав реалноста и тоа беше огромна грешка. Тоа беше полошо од тоа што го направив, поради тоа отидов на психолог, а со негова помош, успеав да ги прифатам грешките и да се соочам со реалноста. Си помислив дека кариерата ми е готова. Плачев цел ден кога ми се јавија од Барселона, затоа вечно ќе бидам благодарен на овој клуб, – порачува Суарез.

Facebook Коментари