Поврзете се со нас

Шпанија

Суарез има две понуди на маса за заминување од Атлетико

Објавено

на

Шпанските медиуми најавуваат дека Луис Суарез е изморен од физичкиот стил на игра на Диего Симеоне и поради тоа размислува да ја промени средината само една година по фамозниот трансфер од Барселона во Атлетико Мадрид, вести на кои денеска се надоврза „Депортес Куатро“ со ексклузива за две понуди кои Уругваецот веќе ги има на маса.

Суарез заработи повреда во најлош можен момент и ќе пропушти уште неколку натпревари кои се клучни во битката за титулата, но во моменти кога се рехабилитира од здравствените проблеми, тој ги полни весниците од Шпанија во пресрет на летниот преоден рок.

Уругваецот е убедливо најдобар голгетер во Атлетико со 19 постигнати гола, но според медиумите, тој лесно може да си замине од шпанската престолнина доколку клубот не освои ниту еден трофеј, што станува се пореално со оглед на сериозниот пад во формата.

„Депортес Куатро“ се повика на свои извори и вели дека „Ел Пистолеро“ има две атрактивни понуди, една од Европа, а втората од американската МЛС лига.

Споменатиот угледен медиум вели дека Ливерпул го информирал Суарез за интересот кој постои околу потенцијална нова соработка, додека вториот клуб е Интер Мајами на Дејвид Бекам кој во искусниот Уругваец гледа одличен партнер на Гонзало Игуаин во нападот за следната сезона.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни