Поврзете се со нас

Шпанија

Суарез и Барселона си подадоа рака и се договорија за крај на една фантастична ера

Објавено

на

Откако ова попладне се појави веста дека Луис Суарез ги има договорено личните услови со Атлетико Мадрид, угледното каталонско радио „RAC1“ излезе со уште поексклузивна информација, откривајќи и на јавноста дека Уругваецот и дефинитивно ги расчистил сите сметки со одговорните лица на клубот.

Респектабилното каталонско радио ја извести јавноста дека Суарез постигнал договор со Барселона за взаемна разделба пред истекот на договорот, а оваа бомбастична вест ја потврди и реномираниот каталонски „Спорт“ кој исто така тврди дека Луис во наредните неколку часа и официјално ќе стане слободен агент.

Суарез одлучил да се откаже од огромен дел од платата која му беше загарантирана во сезоната која веќе стартуваше, но и од онаа која беше опционална според договорот и која можеше да ја добива и во 2022-ра година.

Ова значи дека Барселона нема да заработи ништо од фантастичниот напаѓач кој мина незаборавни шест години на „Камп Ноу“, но затоа ќе се ослободи од најголем дел од неговата плата и ќе може да ги пренамени тие пари за ангажирање на нови фудбалери до крајот на летниот преоден рок.

Во ситуација кога Суарез има постигнат вербален договор со Атлетико, сега само се чека „душекџиите“ да ослободат еден од своите напаѓачи, но наместо Диего Коста, тоа најверојатно ќе биде Алваро Мората за кого се вели дека постигнал договор со Јувентус за враќање во Торино.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни