Поврзете се со нас

Франција

Суарез го стопира трансферот во Јувентус откако добил сензационална понуда за останување во Шпанија

Објавено

на

Луис Суарез секако е прекуброен во тимот на Барселона откако новиот тренер Роналд Куман процени дека и тој е еден од играчите со кои ќе започне револуцијата во составот, па во период кога сериозно се шпекулира за негов трансфер во Јувентус, оваа вечер од Шпанија пристигна една сензационална вест.

„Депортес Куатро“ пренесува дека Суарез го стопирал најавениот премин во Торино, откако добил повик од човек со кого и тоа како сака да соработува во случај кога мора да си замине од Барселона.

Споменатиот медиум тврди дека Диего Симеоне го повикал Суарез за трансфер во неговиот Атлетико Мадрид, а позитивна вест за него е тоа што Уругваецот претпочита да остане во Шпанија и да не ја менува премногу средината, бидејќи така ќе им биде полесно и на неговите деца.

„Ел Пистолеро“ со добри очи гледа на можна соработка со Чоло кој е познат како исклучително страствен стручњак, па „Депортес Куатро“ верува дека на крајот може да пресуди јужноамериканската врска и наместо во Торино, Суарез да заврши во Мадрид.

Барселона во изминатите сезони се навикна да пазари од Атлетико Мадрид, но сега за првпат може да видиме обратен случај, откако каталонскиот гигант процени дека е време да се раздели со голгетерот.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни