Поврзете се со нас

Шпанија

Суарез го најави големото градско дерби на „Ванда“: Ова е добра шанса за одмазда

Објавено

на

blank

Атлетико профитираше од киксот на Реал Мадрид во 25-то коло и сега големото градско дерби ќе го подготвува во доста порелаксирана атмосфера, од едноставна причина што „душекџиите“ имаат пет бодови повеќе со еден натпревар помалку.

Доколку Реал Мадрид победеше против Сосиедад, имаше опасност „кралевите“ да избијат на врвот со победа во градското дерби, но тоа сега и дефинитивно нема да биде случај, без оглед на епилогот кој ќе го видиме во недела.

Тимот на Зидан беше перфектен на првото дерби и сосема заслужено победи со 2:0, натпревар на кој избраниците на Чоло тогаш го претрпеа првиот пораз, кој не е единствен од пред извесно време. Атлетико неодамна загуби и од Леванте, а еден од оние од кои многу ќе се очекува на дербито ќе биде Луис Суарез како играч кој има огромно искуство на вакви важни дуели.

– Сите натпревари против Реал Мадрид се специјални, без оглед за кој тим настапувате, но вака уште повеќе. Натпреварите против Реал Мадрид се оние на кои еден играч сака да се докаже.

– Играчите обично се судат според тоа како играат на вака големи натпревари. Ова е убав натпревар за играње, имаме шанса за одмазда, бидејќи знаеме како заврши првиот меч. Треба да докажеме дека сакаме да бидеме први на табелата, – изјави Суарез.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни