Поврзете се со нас

Свет

Суарез го коментирал можното реактивирање на тандемот со Меси во Интер Мајами

Објавено

на

foto: https://twitter.com/LuisSuarez9

Лионел Меси веќе го засили Интер Мајами, но шпанските медиуми тврдат дека во игра за трансфер во МЛС клубот се и други поранешни фудбалери на Барселона.

Најголемо внимание предизвика можното реактивирање на тандемот Лео Меси-Луис Суарез, а шпекулациите отидоа дотаму што самиот Уругваец мораше да ги демантира.

– Информацијата не е точна, такво сценарио не е возможно во моментов.

– Среќен сум во Гремио и имам договор со овој клуб до 2024 година, – истакнал Суарез за весникот „Ел обсервадор“.

Пореална опција за Интер Мајами е Серхио Бускетс, кој е слободен агент по разделбата со Барселона, а се споменува и името на Жорди Алба, кој исто така е веќе поранешен играч на Каталонците.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни