Поврзете се со нас

Шпанија

Суарез го искоментира ремито на неговиот Атлетико на „Камп Ноу“

Објавено

на

Атлетико Мадрид освои бод на гостувањето на „Камп Ноу“, но ваквиот епилог отвора шанса за градскиот ривал Реал Мадрид, кој може да се израмни на првото место со победа над Севилја.

Луис Суарез денеска првпат настапи против Барселона на стадионот на кој настапуваше до минатата сезона, а иако не реализираше, испрати охрабрувачки зборови преку социјалните мрежи.

– Денеска ремизиравме на тежок натпревар, ќе продолжиме да се бориме до крајот за да ја оствариме целта.

– За мене ова беше специјален ден во кој се вратив на „Камп Ноу“, а сега останува да одмориме и да размислуваме за она што следува, – напишал Суарез на социјалните мрежи.

Во следното коло Атлетико го пречекува Реал Сосиедад.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни