Поврзете се со нас

Шпанија

Суарез ги обелодени точните зборови со кои бил избркан од Барселона: Тоа е она што најмногу ме налути!

Објавено

на

Барселона неверојатно лесно се ослободи од Луис Суарез и дури се согласи да направи трансфер во директен ривал за титулата, па сето ова како да му даде дополнителна мотивација на популарниот „Ел Пистолеро“, кој до оваа фаза од сезоната е најдобар стрелец во шпанската Примера.

Атлетико е лидер во домашното првенство пред се благодарение на искуството и реализациите на Суарез кој веќе запиша 16 голови зад своето име во Ла Лига, па иако веќе во неколку наврати нагласи дека посебно бил разочаран од фактот што луѓето од Барселона побарале да не се појавува на тренинзите, сега се надополни и обелодени кои зборови посебно го погодиле.

Уругваецот останал повреден и воедно многу лут од зборовите кои ги употребиле тренерот Куман и раководните луѓе на каталонскиот гигант, однсоно заклучокот дека тој веќе е премногу стар за да игра на врвно ниво кое се бара во Барселона.

– Реално гледано, најмногу ме налути и вознемири кога ми кажаа дека сум веќе стар и дека веќе не можам да играм на највисоко ниво, дека не можам да бидам на нивото на тим кој атакува трофеи. Тоа е она што најмалку ми се допадна од цела ситуација, – открива Суарез во интервјуто за „Франс Фудбал“.

Кога е во прашање Суарез, интересно е тоа што сите 16 голови за Атлетико ги постигна во домашното првенство, па сега останува да видиме дали ќе го псотигне и првиот гол во Лигата на шампионите како „душекџија“ во двете пресметки против Челси.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни