Поврзете се со нас

Шпанија

Суарез ги честел фудбалерите на Атлетико по победата против Барселона

Објавено

на

Foto:twitter.com/InterMiamiCF

Луис Суарез го привлече вниманието на шпанските фанови поради еден детаљ објавен по вчерашното дерби меѓу Барселона и Атлетико Мадрид.

Гостите славеа со пресврт, па последниот шпански клуб на Уругваецот успеа да ги освои бодовите во дуелот со клубот каде Суарез настапуваше подолго, но не успеа да се раздели пријателски поради начинот на кој Барса реши да се откаже од неговите услуги.

Фудбалерите на Чоло Симеоне еуфорично ја прославија победата, а по неа биле почестени со храна од Суарез, односно од неговиот ресторан „Чалито“, кој ужива голема популарност во Барселона и Мадрид.

Капитенот Коке прв објави фотографија од „малото внимание“ на Суарез, јавно заблагодарувајќи му се преку социјалните мрежи.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни