Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Суарез доби картон затоа што ја „проверуваше“ ВАР снимката

Објавено

на

Атлетико Мадрид имаше водство уште во првото полувреме на гостувањето кај Локомотив во Лигата на шампионите, но го одржа само седум минути.

По голот на Хименез, на спротивната страна Ерера играше со рака на работ на шеснаесетникот, по што Миранчук донесе израмнување за рускиот клуб од белата точка.

Во периодот пред да биде изведен пеналот, судијата самиот проверуваше дали Ерера играл со рака во или вон шеснаесетникот, а притоа мораше да му додели жолт картон на Луис Суарез.

Напаѓачот на Атлетико застана блиску до ВАР мониторот за да ја гледа и самиот снимката, па за ваквит потег беше награден од францускиот судија Бастијан со жолт картон.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни