Поврзете се со нас

Свет

Суарез дебитираше за Интер Мајами и изведе импресивна акција со Алба, Бускетс и Меси (Видео)

Објавено

на

Foto:twitter.com/InterMiamiCF

Луис Суарез не беше сигурен дали треба да ја продолжи својата кариера поради проблемите со коленото кои ги имаше со Гремио, но понудата која ја доби на маса беше преатрактивна и превозбудлива за да се одбие.

Уругваецот доби шанса да игра со своите поранешни соиграчи од Барселона, па иако се двоумеше, на крајот се приклучи на проектот од кој дел се и Лео Меси, Серхио Бускетс и Жорди Алба.

„Ел Пистолеро“ рано утрово дебитираше за Интер Мајами на подготвителниот дуел со Салвадор, натпревар кој беше разочарувачи во резултатска гледна смисла, но не е и целосно неатрактивен.

Пријателскиот меч заврши 0:0, но легендарниот квартет на Барселона режираше една импресивна акција, која вистинска штета е што не заврши со гол.

Алба, Суарез, Бускетс и Меси комбинираа како во најдобрите времиња, но голманот на Салвадор спречи спектакуларен погодок на Лео.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни