Поврзете се со нас

Шпанија

Суарез даде објаснување за „телефонскиот повик“ по голот против Барселона

Објавено

на

Луис Суарез и пресуди на „својата“ Барселона вечерва на „Ванда Метрополитано“ и го постигна вториот гол во победата на Атлетико Мадрид од 2:0, погодок по кој не славеше од почит, но сепак имаше една реакција со која привлече огромно внимание во јавноста.

Откако се извини со гестикулација за постигнатиот гол против Барса, Уругваецот „телефонираше“ со поглед кон трибините и отвори огромна дебата во јавноста, а според добар дел од медиумите, тоа беше протолкувано како директна порака и провокација до Куман кој беше во вип ложата.

Пред една година, Куман преку телефон му соопшти на Суарез дека не смета на него, а иако денешната симболика на „Ел Пистолеро“ укажуваше на тоа дека му фаќаше сеир на Холанѓанецот, тој по средбата истакна дека пораката не била наменета за тренерот на Барса.

– Среќен сум за победата, за тимот. Овој ривал е специјален за мене, но јас сум сега во Атлетико и насочен сум кон нашите цели. Знаев дека ќе побарам извинување ако постигнам гол. Чувствувам голема почит кон клубот, имам голема љубов кон Барса и поради лошиот момент на играчите, знаев дека нема да славам.

– Мојот гест со телефонот? Тоа е порака за луѓето кои знаат дека го имам истиот телефонски број, а не сакаат да ме исконтактираат. Не беше порака за Куман. Со моите синови подготвивме ваква шега ако постигнам гол и затоа го направив тоа, – откри Суарез во интервјуто за „Мовистар“.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни