Суарез даде објаснување за генијалниот гол со кој го воодушеви цел свет

suarez-majorka

Лионел Меси имаше ново фасцинантно издание на денот кога ја прославуваше шестата „Златна топка“ пред фановите на „Камп Ноу“, но сепак мора да се признае дека потегот на натпреварот го имаше неговиот добар пријател и колега во нападот, Луис Суарез.

Уругвајскиот голгетер изрежира маестрална фудбалска минијатура со пета и постигна еден од најчудните и најбрилијантните „штикла“ погодоци во историјата на фудбалот, а додека го објаснуваше своето ремек-дело, Суарез призна дека ова е најубав гол во неговата богата играчка кариера.

– Знаев дека имам мал агол и дека сум свртен со грб, затоа морав да се обидам со пета, но тоа морав да го направам силно, со цел топката да отскокне и голманот да има помала шанса да ја фати истата. Без отскокнувањето, немаше шанси тоа да биде гол, но за среќа се излезе како што треба. Ова беше најубав гол во мојата кариера, – порача Суарез.

Facebook Коментари