Поврзете се со нас

Македонија

Струмичани одново ќе се борат за Куп трофејот: „Пандевци“ со херојско издание се изборија за второ финале

Објавено

на

По трите победи во низа во домашното првенство, Академија Пандев го повтори успехот на гостувањето во Ѓорче Петров, па по триумфот од изминатиов викенд, ова попладне ја победи Македонија и во полуфиналето во Купот.

Струмичкиот тим кој е бранител на титулата во Купот ќе се бори за нова титула во најмасовното натпреварување, откако денеска со херојско издание си обезбеди пласман во големото финале на гостински терен.

Денешната Куп пресметка беше доста содржајна и на моменти навистина тензична, па покрај четирите постигнати гола и двата пенали, видовме и два црвени картони, по еден на двете страни.

Академија Пандев дојде до водство со голот на Ферати во 15-та минута, а истиот играч заработи црвен картон во 34-та минута откако претходно Македонија израмни на 1:1 преку Ајрулаху. По ваквите случувања, се очекуваше максимална иницијатива на домаќинот во вториот дел, но иако така започна, следеше шок за домаќините.

„Пандевци“ добија пенал по еден старт на Божиновски, а Радески беше прецизен реализатор на најстрогата казна и одново ги доведе гостите во предност. Пет минути после ова, во 60-та минута исклучување заработи и Китановски, но ниту иницијативата на домаќините до крајот не вроди со плод. Академија Пандев играше трпеливо на контри, во судиското продолжение доби втор пенал, а Радески ги постави конечните 1:3 за пласман во финалето во Купот.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни