Поврзете се со нас

Европски првенства

Струмичанецот Пауновиќ е убеден: Србија ќе биде европски или светски првак до 2025 година

Објавено

на

Репрезентацијата на Србија направи одличен резултат и избори директен пласман на Светското првенство кое наредната година се игра во Катар.

Србите дојдоа до мундијалска виза откако во завршното коло славеа во Лисабон над директниот ривал Португалија со 2-1 и тоа со голот на Митровиќ во 90 минута. Овој резултат донесе многу енергија, задоволство, среќа кај нашиот северен сосед, па дури и еуфорија што може да се заклуќи и по изјавата на сегашниот менаџер на Рединг, Вељко Пауновиќ.

Пауновиќ многу добро ги познава добар дел од играчите со кои во 2015 година стана шампион на светот, па човекот кој е роден во Струмица верува дека сега овие момци како сениори ќе и донесе европска или светска круна до 2025 година.

-Горд сум на сите нив, поради различни околности Радоњиќ, Јовиќ и Лукиќ не отпатуваа во Нов Зеланд. Влаховиќ и Терзиќ пораснаа во генерацијата на мојот соработник Марко Митровиќ, Александар Митровиќ во младинската репрезентација, победник на ЕП 2013. Особено ме радува што конечно имаме генерација ветерани и искусни играчи, кои се вистински лидери и примери Тадиќ, Стефан Митровиќ, Костиќ.

-Пикси режираше сè, тој е фудбалски гениј. Тој беше моја инспирација кога бев млад играч. Неговиот стручен штаб исто така заслужува пофалби, сите тие се мои големи пријатели, -вели Пауновиќ за „Спортски Журнал“ и притоа додава:

-До 2025 година ќе го освоиме светското или европското првенство, -заклучи некогашниот играч на Атлетико Мадрид и Партизан.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни