Поврзете се со нас

Одбојка

Струмица се пофали со потпис на уште еден македонски репрезентативец

Објавено

на

Актуелниот македонски одбојкарски шампион Струмица продолжува да влече потези и да се засилува за предизвиците во натпреварувачката 2024/2025, па така тренерот Кирил Ричлиев ќе има уште едно квалитетно име на располагање.

Нов член на Струмица е македонскиот репрезентативец, либерот Дарко Ангеловски. Популарниот Шаби им се приклучува на Филип Маџунков и Филип Лепидовски кои пристигнаа во изминатиов период како и на украинскиот интернационалец Роман Волков.

Од клубот најавија уште едно освежување, ангажман на уште еден македонски репрезентативец.

Само за потсетување Струмица ја очекува предизвик во Лигата на шампионите, двомеч со грчки Олимпијакос.

Реклама
Реклама

Италија

Реклама

Популарни