Струга Трим-Лум го доби дербито со мајсторија: Тафа атрактивно го реши Еуромилк (Видео)

Tafa-Struga

Второлигашкото дерби меѓу екипите на Струга Трим-Лум и Еуромилк заврши со резултат 1:0 во корист на домаќините, а домашните фудбалери и фанови долго ќе го паметат единствениот погодок.

Натпреварот од Втора лига Запад беше решен уште во 20. минута и тоа со мајсторскиот погодок од слободен удар на Арбен Тафа. Со оваа победа, Струга Трим-Лум ја намали предноста на Велазерими 77, екипа која денеска ремизираше со Локомотива Бентоекспорт и сега има само три бода повеќе.

Втора лига Запад:
Струга Трим Лум-Еуромилк 1:0
Велазерими 77-Локомотива 1:1
Македонија Ѓ.П-Зајази 1:0
Тетекс-Лабуништа 0:0
Новаци-Гостивар 1:2

Втора лига Исток
Борец-Каменица Саса 3:0
Победа В-Брегалница 1:0
Осогово-Тиквеш 0:4
Беласица-Плачковица 6:0

Видео: Инфоспорт.мк

Facebook Коментари