Поврзете се со нас

Македонија

Струга рутински со Вардар, Шкендија се израмни со Шкупи на врвот на табелата

Објавено

на

Актелниот македонски шампион, Струга Трим Љум оствари рутинска победа над Вардар од 3-1 во денешниот меч од 16. коло во Првата лига.

Избраниците на Дуро знаеја да ги искористат сите грешки, слабости во играта на „црвено-црните“ и забележаа сигурен триумф на теренот на ФФМ. Веќе во раната фаза по осум минути Струга водеше со 2-0 со головите на Згуро и Таири, домаќините се вратија во игра преку Милосавиќ од пенал, но во вториот дел Компаоре ги потврди трите бода за фаворитот.

Шкендија пак му го нанесе првиот пораз на Гоце Седлоски како тренер на Работнички. Шала и Чинари со погодоците во второто полувреме донесоа славје за клубот од Тетово кој сега е израмнет со Шкупи на табелата со по 32 бода.

ПРВА ЛИГА – 16. КОЛО
ГОСТИВАР – ШКУПИ 0-0
МАКЕДОНИЈА ЃП – СИЛЕКС 1-0
ШКЕНДИЈА – РАБОТНИЧКИ 2-0
АП БРЕРА – БРЕГАЛНИЦА 1-1
ВАРДАР – СТРУГА ТЛ 1-3
ВОСКА СПОРТ – ТИКВЕШ 0-3

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни