Поврзете се со нас

Македонија

Струга продолжи да реди победи во домашниот шампионат, Победа му „украде“ два бода на шампионот

Објавено

на

Во Првата македонска лига се одигра петтото коло кое донесе едно големо изненадување кое се случи во Скопје на пресметката меѓу Шкупи и Победа.

Актуелниот првак беше апсолутен фаворит на средбата на Чаир, но на крајот мораше да се задоволи со освојување само на еден бод (1-1). Домаќините долго се мачеа да го скршат отпорот на прилепчани и тоа им успеа дури во 81. минута кога Цефас ја затресе мрежата на Тофилоски.

И кога сите мислеа дека избраниците на Седлоски рутински ќе ја задржат предноста се случи шок за Шкупи кој им го приреди Галевски во 84 минута. До крајот немаше промени, па Победа го освои првиот бод во шампионатот.

Струга Трим Љум продолжува со одличните игра и сега има пет од пет откако на свој терен го доби составот на Силекс. Ибраими и Шабани погодија за лидерот, додека за гостите стрелец беше Ристовски по еден убав пробив во 71 минута.

Шкендија како гостин го надигра Тиквеш со 3-1, Академија Пандев го среди Скопје, додека Македонија Ѓорче Петров и Работнички одиграа без победник на стадионот во западната скопска населба.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни