Поврзете се со нас

Македонија

Струга покажа зошто е шампион во Тетово, Академија Пандев обезбеди опстанок во Првата лига

Објавено

на

Фудбалското првенство во Првата македонска фудбалска лига полека се ближи до својот крај, па така завршното коло кое следи ќе биде чиста формалност, бидејќи уште сега се познати епилозите за сите најважни места на табелата.

Струга стана шампион со сценариото во претходното коло, но денеска само потврди дека заслужено ја освојува титулата со оставрена победа на тешкото гостување во Тетово кај екипата на Шкендија.

„Црвено-црните“ поведоа со голот на Шала, но Шабани два пати стрелаше во мрежата на домаќините и Струга извојува нова победа оваа сезона за потврда на доминацијата во македонската елита.

Од друга страна, Шкупи ова попладне ја завери втората позиција на табелата и вицешампионскиот статус со победа од 3:0 над Македонија, Шкендија ќе заврши трета, а четвртата позиција денеска ја осигура и Силекс со триумфот над Работнички (2:0).

Вест на денот е тоа што Академија Пандев и дефинитивно обезбеди опстанок со ремито против Брегалница од 1:1, додека Скопје и официјално ќе игра бараж против Вардар за опстанок во Првата лига.

На Скопје денес во игра му беше само победа против Тиквеш, но наместо тоа, тимот од Автокоманда прими четири гола во десет минути и сега во директна пресметка со Вардар ќе го одредат последниот член во Првата лига за наредната сезона.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни