Поврзете се со нас

Македонија

Струга не издржа во завршницата, Вардар оствари убедлива победа

Објавено

на

Вардар се враќа со победа од гостувањето кај Струга (28:37), со што актуелниот македонски првак останува на делба на првото место со најголемиот ривал Еурофарм Пелистер.

Меѓу две средби со Пик Сегед во Лигата на шампионите, „црвено-црните“ имаа рутинска задача во Струга, а избраниците на Веселин Вујовиќ не дозволија изненадување.

Гостите од Скопје во првиот дел имаа предност 10:18, но следуваше серија 5:0 за домаќините, по што Струга замина на пауза со поприфатливи 15:18.

Ваквиот епилог беше одлична мотивација за домашниот тим, кој во продолжението стигна до 19:19 и 20:20, но подоцна Вардар го засили темпото и стигна до убедлива победа со резултат 28:37.

Валчак со седум гола беше најефикасен во редовите на победничката екипа, додека во тимот на Струга, Бајрактаревиќ стигна до девет гола.

Со денешната победа, Вардар стигна на 30 бодови колку што има и Еурофарм Пелистер, додека Струга е на десеттото место со седум бода.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни