Поврзете се со нас

Македонија

Струга направи пресврт против Шкупи и стави крај на незаборавната сезона

Објавено

на

Со денешното последно 33-то коло се стави крај на сезоната во Првата македонска фудбалска лига, која заврши на најдобар можен начин за новиот шампион во елитното друштво.

Струга уште пред две кола ја завери титулата и за првпат во својата историја го освои најпрестижниот трофеј, а денеска само покажа дека е најдобар тим во Македонија со победа во дуелот со бранителот на титулата.

Шкупи немаше доволно квалитет да го одбрани трофејот иако важеше за фаворит, па попладнево крај Охридското езеро дозволи пресврт на Струга за победа на домаќинот во славеничкото славје.

Гостите од Чаир успеаја да поведат во првиот дел со голот на Адетунџи, но Струга покажа шампионски карактер и се избори за пресврт и нови три бода за спуштање на завеса во шампионатот.

Радески израмни на 1:1 во 51-та минута, додека Бесарт Ибраими со својот 19-ти гол го комплетираше пресвртот и само покажа дека е убедливо најдобар голгетер во Првата лига.

Останати резултати:
Академија Пандев– Силекс 2:2
Скопје – Брегалница 1:2
Работнички – Шкендија 1:2
Победа – Тиквеш 1:4

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни