Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Струга ќе вкрсти со полесни противници во ЛШ доколку направи големо изненадување против Слован

Објавено

на

Струга Трим и Лум вчера го дозна својот ривал во првата квалификациска рунда во Лигата на шампионите, а денеска дозна со кој ќе вкрсти во следното коло доколу направи изненадување.

Македонскиот првак имаше неповолна ждрепка и се падна со Слован од Братислава, па сега ќе треба да режира голема сензација за да го мине првото квалификациско коло.

Доколку направи такво нешто, патот за Струга ќе стане полесен, бидејќи во второто коло би играла со два тима кои не се ниту одблиску силни како Слован.

Ждрепката посака македонскиот шампион да вкрсти со победникот од Флора Талин – Целје, па останува да се види дали Струга воопшто ќе стигне до оваа пресметка.

Струга на крајот од сезоната со победа над Шкендија во големото дерби ја одбрани титулата во македонското првенество, а веднаш после тоа објави дека нов тренер на тимот е Ќатип Османи.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни