Поврзете се со нас

Македонија

Струга ја менува за Иран: Еден од најдобрите кај македонскиот шампион со нов клуб

Објавено

на

Актуелниот македонски фудбалски шампион Струга како што е познато во пресрет на новата сезона претрпе низа промени во ростерот.

Една од нив е и голманот Ведран Ќосевски кој кариерата ќе ја продолжи во Азија.

Според иранската новинска агенција Тасним, Ќосевски се согласил да соработува со Естеглал и се очекува наскоро да се појави на лекарски прегледи и ќе го потпише договорот.

Како што е познато Ведран летово реши да го напушти клубот по две одлични сезони во шампионот на Македонија.

Екипата на Естеглал моментално од клупата ја предводи легендарниот ирански фудбалер Џавад Некунам, а станува збор за деветкратниот државен шампион на Иран.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни