Поврзете се со нас

Македонија

Струга го соопшти наследникот на Османи (ФОТО)

Објавено

на

Ќатип Османи одлучи да си поднесе оставка по поразот од Вардар, па тоа значеше дека Струга Трим Љум ќе мора да бара ново решение пред престојните предизвици.

Веќе во среда актуелниот шампион го очекува пресметка со Гостивар во Купот на Македонија, меч за кој управата најде замена за Османи и тоа во името на Меритон Гега.

Се работи за човек кој ја познава екипата затоа што беше во стручниот штаб, човек кој и минатата година „гасеше пожар“ и го водеше на трите завршни меча во шампионатот и успеа да му донесе титула на клубот.

Интересно е што Гега дебитираше токму против Гостивар (1-0), а сега одново тој тим му е на патот и останува да се види дали ќе може да ги намести коцките и обезбеди триумф вреден полуфиналето во Купот.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни