Поврзете се со нас

Македонија

Струга го освои Скопје и ја препушти црната серија на „романтичарите“

Објавено

на

Во дуелот на двата тима кои се обидуваа да прекинат лоши играчки серии во Првата македонската фудбалска лига, попладнево како подобри се покажаа гостите од Струга, кои успеаја да слават во македонската престолнина со 1:3.

Струга Трим Лум ја прекина својата лоша низа од три порази во домашното првенство, и тоа на смета на Работнички кој пак влезе во серија од три порази по денешниот неуспех.

„Романтичарите“ подобро го отворија мечот во Скопје, но поседот на топката не им донесе никаква полза, а на спротивната страна Струга поведе по својата прва зрела шанса.

Јахја погоди за 0:1 во 13-та минута од мечот и ова водство гостите го сочуваа до крајот на првиот дел, но на стартот на вториот, го зголемија преку Шабани од белата точка.

Ова го принуди Работнички да тргне уште понапаѓачки, домаќинот успеа да намали на 1:2 преку Рашо, но и покрај нападите за 2:2, на крајот прими трет гол.

Џобе погоди за 1:3 и го реши прашањето околу победникот, па така дуелот меѓу седмо и осмопласираната екипа на табелата заврши со победа на Струга.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни