Поврзете се со нас

Македонија

Струга го освои Скопје и ги фрустрираше „лавовите“, дербито во Тетово се играше 105. минути

Објавено

на

Струга одамна нема шанси да се бори за Европа оваа сезона, но затоа реши да им ја расипе забавата на „лавовите“ кои се уште се во игра за таков потфат откако имаа извонредна втора полусезона.

Македонија Ѓорче Петров со големи амбиции влезе на денешниот натпревар против Струга, но на крајот претрпе пораз од 1:3 и си ги урна наежите за европски фудбал во пресрет на последното коло во Првата македонска фудаблска лига.

Гостите од Струга немаа никаков императив да бркаат резултат, но одиграа професионално и го шокираа фаворизираниот противник уште во првите 20 минути. Босанчиќ постигна два гола и ја најави победата, а на стартот на вториот дел, Шабани ги реши сите дилеми.

„Лавовите“ постигнаа почесен гол преку Воша, но тоа беше се што направија во резултатски поглед и го загубија чекорот за Европа со претходното реми и денешниот пораз на домашен терен, кој е прв во Ѓорче Петров во 2022-ра година.

Дербито во Тетово за жал ќе се памети по нефудбалски моменти надвор од теренот и на теренот, бидејќи прво тимот на Шкупи беше нападнат, а настрада и линискиот судија на десетина минути пред крајот. Помошникот беше погоден со предмет од трибината, а тоа донесе мешаница и на теренот каде двајца играчи се фатија за врат. Поради прекините, фудбал се играше до 105-та минута, а Шкендија промаши и пенал и пропушти да оствари победа (0:0).

Академија Пандев си осигура пласман во Европа со победата над Работнички од 2:1, натпревар на кој стрелци на погодците беа Маронг, Велиновски и Станковски.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни