Поврзете се со нас

Македонија

Струга ги освои бодовите во Скопје, Охрид ја продолжи победничката серија

Објавено

на

Ракометарите на Струга победија на гостувањето кај Голден Арт КЛ7 во Скопје (23:28), додека домашни победи во Суперлигата обезбедија Охрид и Еурофарм Пелистер 2.

На првиот натпревар, стружани доминираа против Голден Арт КЛ7, веќе на полувреме водеа со 8:13, за во вториот дел рутински да стигне до бодовите од оваа средба со триумф 23:28 и петта победа во првенството.

Дербито меѓу РК Охрид и Тинекс Пролет од истата група А им припадна на домаќините, кои ги освоија бодовите со подобрата игра во второто полувреме.

Најубедлив беше вториот тим на Еурофарм Пелистер, кој без никакви проблеми ја оправдаа фаворитската улога против Младост, победувајќи со 36:23.

Дербито на дното меѓу Астраион и Јуниор заврши со реми изразено со резултат 19:19.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни