Поврзете се со нас

Конференциска лига

Струга доби тежок ривал во ЛШ, Шкендија и Тиквеш ќе патуваат во Ерменија и Исланд

Објавено

на

Македонските претставни во европските купови Струга Трим Љум, Шкендија и Тиквеш ги добија ривалите во првите квалификациски кола во Лигата на шампионите, односно Конференциската лига на УЕФА.

Најлошо дефинитивно помина нашиот првак Струга кој оди на мегдан со Слован Братислава, амбициозен, силен тим кој секогаш е присутен на големата сцена, па дури и успева да се пласира во групната фаза.

Избраниците на Османи првиот меч ќе го играат на гости на 9/10 јули, а реваншот пред своите гледачи на 16/17 јули.

Шкендија беше единствениот македонски тим кој ја имаше улогата на носител, па за противник ќе го има составот на Ноах од Ерменија.

Тиквеш пак ќе ги одмери силите со Бреидаблик од Исланд, тим кој и е позната на нашата јавност затоа што лани го елиминираше составот на Струга ТЉ во плејофот во Конференциската лига.

Мечевите ќе се играат на 11 и 18 јули.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни