Македонија
Струга ангажираше дефанзивец од Сенегал, Воска Спорт доби нов тренер
Македонските фудбалски прволигаши Струга Трим Љум и Воска Спорт ги официјализираа новитите кои се однесуваат на ангажман на играч, односно промена на тренерската позиција.
Имено шампионот Струга се пофали со засилување од Сенегал, 24-годишниот Папе Фал. Африканецот е лев бек кој може да игра и како стопер, а во Македонија доаѓа од Лиепаја од Летонија. Тој со стружани потпиша тригодишен договор.
Само за потсетување претходно беше доведен Меметриза Хамза од Башкими.
Кога е во прашање пак Воска Спорт, клубот доби нов тренер и тоа во името на Сафет Ишлер. Ишлер доаѓа на местото на Сеит Крека, а воедно составот од Охрид соопшти дека се во тек преговори за реорганизација во раководните структури.
Воедно беше демантирано дека ќе биде променето името на клубот, а и дека истиот од Охрид ќе биде преселен во Гостивар.
-
АТП21 час
Мари: Ѓоковиќ може да биде најдобар спортист на сите времиња, ако…
-
Шпанија19 часа
Пике во свој стил го „поздрави“ Касилјас по „петардата“ на Барселона против Реал (ВИДЕО)
-
Шпанија20 часа
Шоу на каталонците во Џеда: Барселона го надигра Реал и го грабна трофејот во Супер Купот на Шпанија (ВИДЕО)
-
Репрезентација22 часа
Македонија со победа ги заокружи подготовките за настапот на СП
-
Италија19 часа
Проблемите се надминати, Елмас добива нов соиграч од Милан
-
Германија24 часа
Шешко со „проектил“ ја „искина“ мрежата на Вердер (ВИДЕО)
-
Англија20 часа
Артета со прва информација за повредата на Жезус: Не изгледа добро…
-
Англија23 часа
Бајиндир блескаше, Јунајтед го исфрли Арсенал од ФА Купот (ВИДЕО)